Намалувањето на БДП во овој обем се случува прв пат по Втората светска војна.

Пандемијата од корона вирусот и преземените мерки за спречување на неговото ширење влијаеа негативно на австриската економија чиј БДП во вториот квартал годинава е намален за 12,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.

– Тоа е рецесија од историски размери, укажува институтот „Wifo“.

Намалувањето на БДП во овој обем се случува прв пат по Втората светска војна.

Мерките за сузбивање на ширењето на вирусот доведоа до масовен пад на побарувачката, предизвикаа големи загуби во туризмот, сообраќајот, трговијата и услугите, но и кај уметноста и забавата.

И индистријата е погодена од мерките бидејќи падна и извозната побарувачка.

Економскиот институт „IHS“ смета дека рецесијата го допрела дното во вториот квартал и сега очекува почеток на умерен раст.

„Wifo“ и „IHS“ очекуваат дека годинава падот на австрискиот БДП ќе биде меѓу 7 и 7,3 отсто, а за идната година прогнозираат повторно раст од 4,3 до 5,8 проценти.