Гледани низ очите на шпедитерите, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде.

А тие дефинитивно не можат да се „лопатарат“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или вдлабнатина на лимот. Ова значи дека на секој автомобил му требаат околу 10 квадратни метри простор, дури и кога само стои таму и го чека следниот чекор. И ова станува проблем за пристаништата специјализирани за транспорт на автомобили, како што е Емден во Германија и уште поголемото Бремерхавен, пишува Дојче веле, пренесува Индекс.хр.

Емден е првенствено пристаниште на Фолксваген Груп, а Бремерхавен е едно од најголемите пристаништа од ваков вид во целиот свет. „Сите познати автомобилски шпедитери редовно го користат нашето пристаниште и над 1.000 коли се закотвуваат тука секоја година“, вели за ДВ Јулија Вагнер од БЛЏ Логистикс Груп во Бремерхавен.