Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, информира дека денеска се исплатени субвенции во висина од 238,6 милиони денари.

Од таму додаваат дека станува збор за исплати за повеќе мерки и тоа : за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2019. Исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година.

Директорот на агенцијата, Никица Бачовски информира дека на сметките, средства имаат и земјоделците кои имаат поднесено барања за добивање на средства од мерката 215 органско производство. Исплата на средства има и кај сите земјоделски стопанства кои ги осигурале посевите и добитокот.

„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив,“ рече Бачовски.