Цените на бакарот надминаа 10.000 долари за тон по втор пат за две недели, но аналитичарите, предвидуваат дека допрва ќе дојдат повисоки цени на „црвеното злато“.

Најновата прогноза е дека цената на црвениот метал ќе достигне 12.000 американски долари за тон до крајот на 2024 година, а потоа и 15.000 американски долари за тон во 2025 година.

Предвидувањата за побарувачката во следните 10 до 20 години варираат, но сите тие имаат едно нешто заедничко: тие се многу, многу повисоки од денешното производство.