Штетата што политичката криза и тепачките во Собранието минатата година ја направија на финансискиот систем во земјава е целосно надмината. Финансискиот систем е стабилен, со минимални ризици, оценија денес гувернерот Богов и министерот за финансии Тевдовски. Банките се полни пари, се чекаат само компаниите да понудат добри проекти за да им бидат испорачани кредити.

„Условите се стабилни веќе подолг период, бакните се високо ликвидни и она што е непоходно е да се врати довербата кај иневститорите да се зголеми побарувачката за кредити и банките да ги испорачаат Потребни се поквалитетни проекти ипосилна инестициска активност.“ – изјави Димитар Богов,  гувернерот на Народна банка.

Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, а банките се подготвени и може да ги испорачаат кредитите, но потребни се квалитетни проекти и посилна инвестициска активност.

И министерот за финансии смета дека ваквиот финансиски систем може да обезбеди поддршка на македонската економија. Првпат, во последните осум години има намалување на државниот и јавниот долг во релативен износ.

„Ако ги погледенете месеците јануари и февруари 2018 во однос на истите месеци претходната година, повратот на ддв е поголем за 1.4 милијарди денари и 56%, тоа значи дека брзо се враќа ликвидноста во фирмите за да можат тие да работат и да иневстираат.“ – изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Ако ги погледнете месеците јануари и февруари годинава, во однос на истите месеци минатата година, повратот на ДДВ е поголем за 1,4 милијарди денари или за 56 проценти. Тоа значи дека бргу се враќа ликвидноста во фирмите, тие да работат, имаат активност и да инвестираат, изјави Тевдовски.

Монетарната поставеност, според гувернерот, зависи од монетарната политика во еврозоната, но и од фискалната политика на нашата Влада. Политичката стабилност на земјата исто така влијае врз стабилноста на денарот. Сите овие параметри се позитивни, па членовите на Комитетот за финансиска стабилност, излегоа од седница задоволни.