-Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот напиша дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и дека нема да има рестрикции на електрична енергија.

-Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании, напиша Бектеши.