Финансиската поддршка од шестиот пакет мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои што со одлука на Владата се затворени, односно кои се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко-угостителскиот секор, кажа министерот за економија Крешник бектеши во гостувањето во „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

„Кога сме кај рестораните за свадби и прослави, точно да ги информираме сопствениците на ресторани за свадби. Значи во 2019 година просекот пријавен од овие компании беше 35.000 евра, ако се дели на 12 месеци, тоа е 3.000 евра и од 3.000 евра ќе добијат 30 отсто. Оваа е помошта која со моделот на враќање на процентот ќе им се дава на рестораните кои организираат свадби и прослави и плус да додадеме дека за секој вработен ќе добијат дополнителни 15.200 денари“ кажа министерот и потсети дека минатата година овие ресторани добија директни грантови до 10 илјади евра и во меѓувреме се категоризираа во вкупно 140 вакви објекти.

Во однос на оние угостителски објакти кои се затворени во изминатите две недели, и ќе останат уште една недела затворени, тогаш, како што појасни министерот ќе се земе просекот од 2019 година, 2020 година од денот кога започна пандемијата до крајот на првиот квартал на 2021 година и врз основа на тие податоци ќе се дели на 12 месеци и сумата која е за еден месец, ќе се земат 75 отсто, затоа што забраната е 21 ден и од 75 отсто, ќе добиваат 30 отсто.

„Финансиска поддршка за исплата на плата од 15.200 денари според оваа мерка ќе добијат сите оние вработени во угостителскиот објект кои биле пријавени како вработени на 6 април 2021 година кога беше донесена одлуката за затварање, односно за примање на гости“ кажа министерот.

Министерот информираше и дека следниот месец Министерството за економија ќе го објави јавниот повик за туристички ваучери, а ќе ги добијат сите вработени со ниски приходи кои ќе имаат право да аплицираат. Предвидено е да бидат опфатени околу 1.000 граѓани.