Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко и управителот на „ЕЛЕМ ТУРС” Адем Авзиу денеска ќе го посети автокампот „Ливадишта” – Радожда – Струга.

Посетата е во знак на официјалниот почеток на сезоната, која заради пандемијата почнува подоцна од вообичаено. За време на посетата ќе бидат претставени обновените содржини во кампот со цел да се зголеми интересот за овој вид туризам во земјава.