ВАШИНГТОН – ЊУЈОРК (Ројтерс) – Белата куќа го одложува вториот круг од плаќањата од пакетот помош во вредност од 12 милијарди долари за фармерите засегнати од трговскиот спор меѓу Кина и САД, поради оптимизмот дека Кина наскоро ќе продолжи со купување на американска соја, тврдат извори запозанени со ова прашање, изјави Ројтерс.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп го задржува одобрувањето на плаќањата поради загриженоста околу цената на програмата и сака да види дали трговските проблеми со Кина ќе се решат, изјави извор, барајќи да не да биде именуван бидејќи предметот сè уште не беше објавен.

“Не е никаква тајна дека ОМБ не беше многу возбуден околу пакетот за трговска помош”, рече извор познат по ова прашање. Сепак, изворот додаде дека плаќањето, најверојатно, ќе биде конечно одобрено по некои “натегања”.

Американското Министерство за земјоделство во јули одобри помош од 12 милијарди долари за земјоделците и фармерите погодени од падот на нарачките поради ескалирачката трговска војна на Трамп со Кина, главен купувач на американски земјоделски производи, а агенцијата ги наведе плаќањата за првата половина минатиот август.

Секретарот за земјоделство, Сонди Пердју, на 3 декември изјави дека ОМБ размислува за втор круг на финансиска помош и дека процесот може да биде извршен до крајот на оваа недела.

Портпаролот на USDA, Тим Муртај, во вторникот за Ројтерс објави дека агенцијата се уште е во “завршна фаза” на процесот на одобрување на втората транша од плаќања.

“Ние сме во дискусиите со Белата куќа и очекуваме дека втората транша за исплата на Програмата за олеснување на пазарот ќе биде објавена пред крајот на годината”, рече Мурта во изјавата.

Висок административен службеник во Канцеларијата за менаџмент и буџет во вторникот рече: “Ние не коментираме за наводни протекувањa на информации и нема да разговараме за советодавни и пред-одлучни информации”.

Изворите велат дека Белата куќа го одложува одобрувањето, главно, со надеж дека Кина наскоро ќе продолжи со купувањето на соја, нешто што ги покрена прашањата за тоа кој степен на помош ќе биде неопходен.

Пердју изјави дека на почетокот од овој месец Кина веројатно ќе продолжи со купување американски соја од 1-ви јануари, по разговорите меѓу Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг за потенцијален трговски прекин на огнот.

Трамп кон крајот на мај ги објави тарифите за увоз на челик и алуминиум, што предизвика одмазда од врвните трговски партнери, како Кина, конфликти кои се прелеаа на земјоделските пазари.