И кога ќе помислиме дека лагите се при крај, дека ќе имаме некакво разумно владение и управување со античкава територија, дека конечно ќе дојдат луѓе кои ќе работат домаќински и ќе останат на зборот кој ни го дале пред изборите, повторно стига врел букаке туш…

Бројчаникот за нови вработувања во јавната администрација почнува повторно агресивно да врти. Фрчат нови огласи за регрутација на нови „бели мечки“ кои треба да ги ухлебиме во јавниот сектор и да не можеме после да се оттарасиме од нив. Дали е ова политика за чисто партиско ухлебение или анти-ковид ухлебение на нови трутови, не знам…. Дали се зголемила потребата за нови вработувања, сигурен сум дека не… Имаме ние доволно трутови напикани по канцеларифчињата изградени во социјализмот. Уствари ги имаме и премногу, тие авитамизирани фаци со сакоа со „потпуњачи“ кои со билтен од СпортЛајф под мишка зујат низ ходници. Според некои статистика, вакви трутови имаме 3 до 4 пати повеќе од што треба да имаме по број на жители. И сегашниве лакеји, среброљубци и продадени задници, кои ни ветија ред во овој сектор, наместо да кратат и да го ослободуваат буџетот, што прават… носат нови мечки… Шта вам је бре људи?

Покрај беливе мечки, имаме и белоглави орао… Орао је одлетео одавно из непостојечке канцеларије т.е. нема канцеларија и нема работни задачи, ама има плата за белоглави орао. Врз основа на некаков си социопатолошки експеримент во реални општествени услови, со наметнување на робство на малцинството врз мнозинството, ухлебени се и илјадници бели орли кои се дури и појаки и позаштитени од беливе мечки… Орао лети слободно, а плата прима задолжително. Без никаков ангажман. Ова го има само во античкава територија, и ова е полошо од најлошото робство кое нашиот народ некојпат го искусил, а сме го имале во изобилство… Било, ама ова не било… Абре во турско ред имало… Доаѓал заптијата земал данок десеттак, т.е.. 10% од вкупниот род и македонската шупелка била слободна цела година во економски термини. Вака со белоглави орао сме врзани на многу опасно оро и не можеме да се пуштиме… Плата зема орао за слободен лет, и ако му кратиш крила, се буни бил дискриминиран на етничка основа и плачи кај чуварите на кафезот на белоглави орао на Запад. Да биде уште потрагично, преставници на кастата која угнетува, која мора да биде секаде застапена по етнички клуч ( уникатна формула која може да ја смисли само западна агресија, албански шовинизам и македонски поданички ум полн со лајна), со целата леснотија не неговото постоење пред некој ден изјавува дека рамковните кои седат дома и земаат плата не смеат да бидат вознемирени за време пандемије. А за после ќе сме виделе. И додека зујат коронавирусот околу златниот кафез на белоглави орао, тој внатре на безбедно си пее како бимбиљ. И што не би пеел… Тој е секако во подобра позиција него белата мечка која мора да зуи по ходници на т.н. институции, да глуми заинтересиран, да глуми дека работи и од време на време да се активира по протести, митинзи и останати робски и газолижачки активности. Белоглави орао барем немора тоа да го прави… Гордо седи и се смее на македонската безгранична глупост и кукавичлук.

И за крај, но вредно да биде и на почеток, дијамантот на круната на глупоста, уникатниот бисер од длабочините на морето на простотијата, најљутата семка на македонската ајвар-пиперка, врвот на интелектуалните и салонски истушени кондоми, наместени како дијамант во козји газ: македонското водство. Вчера овој труст мозгова, донесе уредба со која, не смее да им се скине дневната доза храна на белата мечка и белоглави орао. Не смее ниту грам. Морале да земаат плата во целост поради нивната значајност во животинскиот свет и севкупниот екосистем на античката шизофренија. Ако треба ќе се удавиме во кредити до над 120% од БДП но не смее да им фали ништо на заштитените животни во резерватов. Тие, покрај арско ѓубриво за екосистемот, обезбедуваат и гласови за да може да се продолжи со владение и допљачкување на резерватот. Новите поглавици мора да добијат на време во резерватов. Мора да се има време да се допљачка, да се вработат швалерките, да се посерат по софрите кои ги сликаат за на социјални мрежи да се лигават и да глумат за лажната среќа на нивниот живот, за нивното ванаби боемство.

За жал, цената за ова дивеење на мечкиве, орливе и пред се на дијамантиве во козји газ, ќе ја платиме со дезинтеграција на системот и државата на секое ниво. Тоа и се случува во моментов и е несопирлив процес. Нелогичните одлуки ќе донесат крај на овој нелогичен антички резерват. Така и заслужува, да сум искрен… Само ми е мака, го сакам… тука сум роден и тука живеам… Ама едностанвно човек не може да се бори со ваква наезда на криминал, простотија, злоба и шизофренија. Ова е премногу дури и за наши услови. Ќе биде паклена зима….

 

Наум Димитровски