Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за 1 денар, а на дизелот 1,5 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 78,50 денари, Еуросупер 98 ќе се продава за 80,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство за 67,50, а Еуродизелот за 69 денари за литар.