Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на досегашните малопродажни цени, реши денеска Регулатрорна комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,431 ден/кг.