Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 08.11.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,852 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за 4,081% или за 32,250 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,276 % или за 1,950 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,506 % или за 3,500 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,672 % или за 3,500 $ тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 53,4699 ден/$ и е за околу 0,493 % повисок од курсот на доларот (53,2074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.