Не се очекува граѓанската обврзница да се одрази негативно врз депозитите во банките, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во интервјуто за националната телевизија се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, кое како што самиот информраше треба да се реализира веќе во јуни.
– Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 година, и истите ќе се користат за финансирање на капитални проекти – рече министерот без да прецизира за какви проекти би се користеле средствата.
Тој дополни дека засега нема промени во однос на проекциите за економскиот раст, дека се следи реализацијата, но дека неизвесноста доаѓа од развојот на состојбата во Украина и нејзиното влијание врз економијата во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер.
Се очекува дека воведувањето на граѓански оврзници по потенцијално повисоки камати отколку банкарските камати ќе предивика и раст и кај каматите на депозитите. Сепак, и понатаму останува енигма висината на каматата на граѓанските обврзници, за која министерот најави дека ќе биде повисока од каматите на депозитите во банките.