Бесплатниот превоз за пензионери во Кавадарци ќе стартува од јануари месец наредната година, информираа  од кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Оттаму, потсетија дека одлуката за бесплатен превоз за пензионери беше изгласана на 35 седница на Советот на Општина Кавадарци, на барање на пензионерите.

Бесплатниот превоз важи во деновите: вторник, четврток, сабота и недела.

– Субвенцијата произлегува од општината. Од општинскиот буџет ќе се плати на јавното претпријатие за јавен превоз – појасни Јанчев.

Оваа одлука, советниците ја донесоа едногласно.