Извештајот на Државниот завод за ревизија укажува на слабости во ПИОМ. Слабости во работењето на Фондот, недостиг на кадар, проблеми со евиденција на имот, пописни неправилности и слабости во јавните набавки. Ревизорите утврдиле дека оствареното зголемување на приходите во 2024 година не е доволно за покривање на расходите за пензии кои секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат околу 1 500 евра. Во 2024 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71 отсто. Од ДЗР посочуваат дека состојбата овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае врз Фондот.

Државен завод за ревизија

„Ревизијата утврдила дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 136.400.000 евра.“

Утврдени слабости и во административното работење на Фондот. Според ДЗР има одредени надминувања на слабостите од минатите години, но забележано е на сметката за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година дека остануваат парични средства кои не се користат за исплата на пензии; неспроведување на дел од постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки.

Државен завод за ревизија

„Не е извршено евидентирање на движниот и недвижен имот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кои Фондот има сопственост или пренесено право на користење; пописот на земјиштето е нецелосно спроведен и не е воспоставена целосна сметководствена евиденција на истото; пописот на дел од побарувањата е извршен без утврдување на правниот основ и застареност; Фондот не располага со целосни податоци за вкупно наплатените средства од акцизи од Буџетот; одредени слабости во начинот на издавање на деловниот простор под закуп.“

Државниот завод за ревија укажува на препораки за преземање мерки за надминување на слабостите по кои надлежните органи имаат обврска да постапат.