Оние кои ќе го посетат Бирмингем во 2024 година, ќе најдат сосема поинаков град. Имено, градскиот совет размислува за продажба на своите уметнички галерии и планира да затвори 25 библиотеки. Бесплатните базени одамна се минато. Сметот и отпадот ќе се собираат на секои две недели.

Водоснабдувањето и снабдувањето со гас беа национализирани, па повторно беа приватизирани. Како што јави Си-Ен-Ен, градските власти во очајнички обид да ги намалат трошоците ги затемниле и уличните светилки. Бирмингем, како втор по големина британски град, банкротираше во септември минатата година. Во неможност за балансирање на буџетот, донесена е одлука за прогласување стечај. За да бидат финансиски одржливи ќе се намалат јавните услуги и ќе се зголемат даноците.

Даноците ќе бидат повисоки за повеќе од милион луѓе. Најголем дел од проблемите во градот, во чиј совет доминира Лабуристичката партија, која е опозиција на национално ниво, се резултат на одлуките на самите власти.

Меѓу овие одлуки е и воспоставувањето на градскиот ИТ систем, кој создаде долг од една милијарда фунти. Бирмингем е првиот што банкротира, но неговата судбина ги чека многу други британски градови. Ова е случај и со градовите кои се сметаат за најдобро управувани. Само два градски совети прогласија банкрот од 1988 до 2018 година.

Осум градски совети го направија ова од 2018 година. Многу е веројатно дека секој десетти градски совет ќе прогласи банкрот оваа година, пишува СиЕнЕн, пренесува Кликс.ба.