Нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни оти ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра. Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени“, вели претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во изјава за ДВ, околу најавите за тоа дали ќе поскапи електричната енергија.

Според него, во принцип никаде нема зголемување на трошоците на производство во Европа.

-Ова е пред се шпекулативно направено. Станува збор за инцидентна ситуација. Ние се бориме да ги задржиме снабдувачите, има такви кои си ги гарантираат цените но започнавме постапка за некои од нив кои се покажаа несериозни и незаконски ги откажаа договорите, додава Бислимовски.