Укинувањето на гарантираните цени не може да влијае врз цените кај нас затоа што цените на суровините за прехранбени производи на светските берзи се намалени, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Но, дали и колку се зголемени цените и дали има договарање на трговците ќе се знае по инспекциите на терен објаснува Битиќи кој најави дека доколку треба ќе поднесе претставка до комисијата за заштита на конкуренцијата, како што веќе направил пред неколку месеци.

Решение според него е итно носење на заглавениот закон за фер трговски практики.