Криптовалутата Биткоин која што пред само некое време имаше цена од неверојатни 20.000 долари, сабајлево падна на цена од 7910 долари. Ова за Биткоинот преставува една од најлошите недели од 2013 година навака.

Цената е падната поради тоа што инвеститорите се плашат од глобалните регулаторни рестрикции кои што се највауваат, па затоа почнаа да ги продаваат своите Биткоини. Со самиот пад на цената на еден Биткоин пазарната вредност на Биткоинот падна на 385 милијадри долари, што е за една половина помалку од пазарната вредност која што беше на почетокот од Јануари месец.- пренесува Ројтерс, а информациите се преземени од Coinmarketcap.