Биткоинот ја проби цената од 101.000 долари за прв пат во историјата денес, 9 мај 2025 година. Оваа историска пресвртница доаѓа во време кога се повеќе земји и големи финансиски институции го прифаќаат биткоинот како легитимно средство за штедење и заштита од инфлација.
Главната причина за овој скок е одлуката на Соединетите Американски Држави да ги воведат таканаречените „стратешки резерви на биткоин“.
Според CoinMarketCap, цената на биткоинот моментално е 103.032 долари. Цената порасна за повеќе од 6 проценти во последните седум дена, што повеќето аналитичари го припишуваат на напредокот во трговските преговори на САД со други земји.
Биткоинот не се тргувал над 100.000 долари од 7 февруари. Вредноста на најголемата криптовалута во светот се зголеми за повеќе од 9 проценти оваа година, но останува под рекордното високо ниво од 109.026 долари достигнато на 19 јануари.