На европските берзи во вторник наутро, индексите малку паднаа бидејќи цените на нафтата пораснаа втор ден по ред и со тоа предизвикаа страв од зголемување на инфлацијата и каматните стапки.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,09 проценти, на 10.729 поени, додека франкфуртскиот DAX ослабе за 0,24 проценти, на 26.275 поени, а парискиот CAC за 0,02 проценти, на 8.577 поени.