Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во Владата на Република Северна Македонија ги потпиша Договорите за финанисирање на инфраструктурни проекти во вкупно 31 општина.

Министерството за транспорт и врски со одлука на Владата, од буџетот одвои над 1 милијарда денари, односно преку 17 милиони евра за реализација на проекти во општините: Битола, Берово, Богданци, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Делчево, Дојран, Демир Капија, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево,Пробиштип, Росоман, Свети Николе, Сарај, Град Скопје, Старо Нагоричане, Струмица, Теарце, Општина Центар, Чашка и Крива Паланка.

Станува збор средства кои се наменети за изградба и реконструкции на улици, патишта, мостови и други проекти со кои општините ќе го подобрат урбаниот развој.

„Еден од нашите приоритети е подобрувањето на услови за живот на граѓаните и развој на општините. Токму за таа намена, Министерството за транспорт и врски пренамени над 1 милијарда денари, односно над 17 милиони евра за проекти за изградба реконструкција на локални улици, патишта, мостови во 31 општина.

Оваа огромна поддршка на општините е само продолжение на она што до сега го работевме преку Министерството во делот на локалните улици и патишта, покажуваме дека граѓани се наш врвен приоритет.“ – изјави министерот Бочварски.