Британија и шесте арапски земји во Персискиот Залив официјално започнаа преговори за договор за слободна трговија.

Веста стигна денеска од Бахреин, јави агенцијата Франс прес. Арапската држава претседава со Советот, кој исто така ги вклучува Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт и Оман, чија трговија со Обединетото Кралство достигна повеќе од 30 милијарди фунти во 2020 година.

„Сакаме модерен и сеопфатен договор што ќе ги елиминира трговските бариери на огромниот пазар на храна и пијалоци и во области како што се е-трговија и обновлива енергија“, рече британската министерка за меѓународна трговија Ана-Мари Тревелијан во изјавата.

Покрај традиционалните партнери како САД и Австралија, по Брегзит, Британија се обидува да ги зајакне своите трговски врски со земјите од Заливот.