Вицепремиерот за фондови на ЕУ и министер за финансии на Бугарија, Асен Василев, вели дека државата разгледува опции за воведување механизам за плаќање со криптовалути. Во извештајот на Блумберг, Василев изјави дека владата разговарала со Бугарската Народна банка, како и со играчите во индустријата за да ги истражи крипто плаќањата „на краток до среден рок“.

Василев смета дека Бугарија веројатно нема да стане главен центар за „копањето“ на криптовалутите и покрај донесувањето на ваквиот закон.

Бугарската влада веројатно е една од земјите кои поседуваат најмногу биткоини (HODLers) во светот, откако полицијата заплени 213.519 Bitcoin (BTC) од подземна криминална мрежа во 2017 година – проценета на приближно 3,5 милијарди долари во тоа време, но со сегашна вредност од 8,2 милијарди долари во актуелниов момент. Нема информации дали бугарските власти потоа ја продале криптовалутата на аукција или и натаму ги чуваат дигиталните средства.

Бугарија не го прифаќа еврото

Како членка на ЕУ, Бугарија е една од само осумте земји што не го прифатија еврото. Во јуни 2021 година, претставниците на Бугарската Народна банка изјавија дека имаат намера да го усвојат еврото почнувајќи од 2024 година.

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во март рече дека дигиталната валута можеби нема да биде воведена до 2025 година, па дури и подоцна.