Цените на новиот тарифник за геодетски работи, кој стапи на сила пред десетина дена се реални, сметаат од комората на трговски друштва за геодетски работи. 

Повисоките цени ги правдаат со месечните трошоци кои ги имаат компаниите. Но според претседателот на комората, Никола Рибароски, носењето на тарфиникот, поради немањето слух од страна на агенцијата за катастар, доцни цели 10 години.

Рибароски тврди дека геодетските услуги не поскапуваат за 300 тука зависно од услугата за 50, 70 или најмногу 90 %.

„Да потврдуваме цените се далеку пореални од она што беше претходно знначи верувајте компаниите немаа никаква економска исплатливост да работат со тие цени и тоа е посебно изразено во последните две години со сите овие кризи…“ „Тоа е нешто што ние го кажавме и пред 2, или година ипол тогаш 300, 400% поскапеа податоците ние как окомпании сме должни да ги користиме тие податоци и да ги наплатиме од граѓанинот индиректно и тогаш нагласивме во неколку наврати, не се резонски поскапувањата …“ изјави Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Според комората со новиот тарифник за геодетски работи, катастарот ги маскира неоснованите поскапувања на своите сервиси. На почетокот на месецов од агенцијата соопштија дека има нов тарифник и за прв упис во имотен лист или промена на сопственик, па наместо 1 имотен лист, кој чини 1250 денари, граѓаните ќе мора да вадат повеќе. Отсега со еден упис нема да може да се внесат квадратурата на станот, земјиштето, заедничките простории, гаража доколку сопственикот поседува.

Дополнителен голем проблем според Рибароски е и новиот правлник кој го донела агенцијата, со кој како што тврди тој директорот на катастар, сам ќе предлагал и одземал лиценци, што вели е, противзаконски упад во ингеренциите на Комората.

„Законски е пропишано дека трошоците залиценца, си ги наплаќа комората сега со ова директорот ќе ги наплаќа на сметка на агенција за катастар, како е возможно тоа да го прави. А никој не му стои на патот што сака си прави без проблем, апсолутно ќе значи дека ќе имаме паралелни геодетски компании со овие две лиценци…“- изјави Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот на Катасатар Борис Тунџев но тој не одговори на нашите телефонски повици. До овој момент за обвинувањата на комората нема ниту официјален став од агенцијата.