Македонците лани „уплатиле“ 209 милиони евра во кладилниците, просечната уплата била 269 денари

2025-08-06 17:00

Минатата година македонските граѓани оставиле над 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени од „Блумберг Адрија“. Просечната уплата по тикет лани достигнала 269 денари. Обложувачниците за возврат исплатиле добивки во вредност од 169 милиони евра...

Димитриеска-Кочоска: Буџетот забележа рекорден раст на приходите во јули

2025-08-06 16:00

Министерството за финансии бележи историски највисока наплата на приходи во буџетот за месец јули, соопшти министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, овие резултати се доказ за финансиската стабилност и насоченоста кон одржлив економски раст уште во првата година од мандатот. На својот фејсбук-профил, министерката истакна...

За еден ден заработи 27 милијарди долари!

2025-08-06 15:00

Богатството на Марк Закерберг се зголеми за речиси 27 милијарди долари за само еден ден, со што тој стана третиот најбогат човек на светот. Овој вртоглав скок го искачи основачот на „Мета“ на високото трето место на Блумберговиот индекс на милијардери, веднаш зад Илон...

Комерцијална Банка со поволни услови ќе овозможи брзи и лесни трансакции во евра во земји членки на СЕПА

2025-08-06 14:42

Комерцијална банка со поволни услови ќе овозможи брзи и лесни трансакции во евра во земји членки на СЕПА. Банката прави уште еден чекор напред во понудата на напредни и конкурентни услуги, со што граѓаните и компаниите ќе можат да ги намалат своите трошоци за...

УНИ Банка со изменети и намалени надоместоци за физички и правни лица

2025-08-06 14:00

Во пресрет на приклучување кон СЕПА платежна област(единствена област за плаќање во евра за физички и правни лица), следејќи ги барањата на клиентите, како и препораките на Народна банка на РСМ, УНИБанка АД Скопје изврши измена во тарифите на меѓународните плаќања преку СЕПА, а...

Реалните плати во Јапонија паднаа шести месец по ред во јуни

2025-08-06 13:00

Реалните плати во Јапонија продолжија да паѓаат и во јуни, шести месец по ред, бидејќи инфлацијата и понатаму ја надминува стапката на раст на платите, покажуваат владините податоци објавени во средата. Ова предизвикува загриженост за закрепнувањето на четвртата по големина економија во светот, кое...

Bayer досега укинал 12.000 работни места во рамки на реструктурирањето

2025-08-06 12:00

Германскиот фармацевтски и хемиски гигант Bayer соопшти дека досега укинал околу 12.000 работни места со полно работно време во рамки на тековната програма за реструктурирање. Целта на мерките е забрзување на процесот на донесување одлуки и намалување на менаџерските и административните позиции. Компанијата, која...

Commerzbank со пад на кварталната добивка, но над очекувањата – можна аквизиција од UniCredit

2025-08-06 11:00

Commerzbank, втората по големина банка во Германија, објави пад од 14% на нето-добивката за вториот квартал, поради трошоци за реструктурирање. Сепак, резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите, во време кога италијанската UniCredit се обидува да ја преземе банката. Commerzbank бележи 462 милиони евра нето-добивка...

Холандската банка ABN Amro започнува откуп на акции од 250 милиони евра

2025-08-06 10:00

Холандската банка ABN Amro објави во средата дека ќе откупи акции во вредност од 250 милиони евра (290 милиони долари), откако нејзината нето добивка за вториот квартал благо ги надмина очекувањата на пазарот. Откупот е значително помал од проценките на аналитичарите, кои очекуваа откуп...

Белата куќа ќе ги таргетира банките, Трамп тврди дека е дискриминиран

2025-08-06 09:00

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека банките, меѓу кои JPMorgan и Bank of America, дискриминираат против него и неговите поддржувачи, тврдејќи дека му одбиле депозити. Тој најави дека Белата куќа подготвува извршна наредба за истрага на банките кои наводно ги отпуштаат клиентите поради политички...