Цената на Биткоинот (BTC) ќе достигне 250.000 американски долари, но неговиот статус како „безбедно засолниште“ за инвеститорите би можел да почека малку подолго од предвиденото, изјави познатиот инвеститор на ризичен капитал Тим Драпер.

Во интервју за Yahoo! Finance, Драпер го повтори своето предвидување дека биткоинот ќе достигне 250.000 американски долари до 2023 година. Сепак, поради сегашните трендови, може да има мало задоцнување за да се достигне на тоа ниво во реалноста.

„Консолидацијата трае повеќе отколку што мислев“, рече тој во интервјуто.

Драпер додаде: „Мислев дека во овој момент ќе има многу повеќе конкуренти кои се навистина релевантни, но луѓето се консолидираа кон биткоинот затоа што тој е децентрализиран“.

Драпер е познат по предвидувањето на цената на биткоинот веќе подолго време. Во моментов, тој верува дека четиригодишна временска рамка е доволна за да се донесе цената до 250.000 американски долари.

250.000 американски долари до 2022 година или до првиот квартал од 2023 година“, додаде тој.

Како што објави Cointelegraph, широко се поддржува консолидацијата за која зборуваше Драпер оваа недела, особено по нестабилноста поврзана со Кина.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк