Илјада кубни метри гас на Лондонската берза денеска се тргуваа за околу 2.400 американски долари.На берзата во Холандија, ТТФ за илјада кубни метри природен гас за достава во април се тргуваше за 2.391 американски долар.

Цената на природниот гас денеска забележа досега незапаметен дневен скок од 31 отсто.Европскиот парламент денеска повика да се затворат европстките пристаништа за сите руски бродови, како и да им се забрани на бродови да испловуваат од нив кон Русија. Русија ја снабдува Европа со околу 40 отсто од потребите од гас. Не сите земји во Европа се снабдуваат директно од Русија, но ако земјите како Германија, најголемиот потрошувач на руски гас, добијат помали количества од Русија, тие мораат да се снабдуваат од други земји, а тоа создава домино-ефект на гасот достапен за другите земји.