Цената на гасот во Европа продолжува да расте, надминувајќи го нивото од 1.800 долари за 1.000 кубни метри утрово за прв пат од октомври, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Јануарските фјучерси на гас во холандскиот центар ТТФ скокнаа на 1.803 долари за 1.000 кубни метри на отворањето на денешното тргување, пренесува Танјуг.

Рускиот гасен холдинг Гаспром не резервира капацитет за транзит на природен гас преку гасоводот Јамал Европа, кој минува низ Полска, за 21 декември.

Поради тоа утрово беше прекинат физичкото снабдување со гас за Германија преку тој гасовод.