Цената на гасот во Европа утрово надмина 2.200 долари за илјада нормални метри кубни. Тоа е раст од 60 отсто и највисока цена од декември 2021 година.

Еден час претходно, илјада кубни метри гас во Европа чинеле 1.700 долари, што е зголемување за 22,5 отсто во споредба со вчера, јави Танјуг.

Покрај гасот, силниот раст имаше и цената на нафтата бидејќи руско-украинскиот воен конфликт донесе паника на пазарот и страв од можен недостиг.

Американската нафта WTI скокна на највисокото ниво од 2013 година за време на вечерашното тргување, додека глобалната референтна марка, европската нафта Брент, надмина 110 долари за барел поради големата побарувачка.

Високиот пораст на „црното злато“ доаѓа додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, се подготвуваат да одржат состанок в среда за да разговараат за планот за производство за април.