Цената на нафтата падна за околу 2% додека инвеститорите ги следат безбедносните ризици во Ормускиот проток и новите геополитички тензии. Брент и WTI бележат пад и покрај зголемен транспорт на нафта од Блискиот Исток.
Цените на нафтата продолжија да паѓаат утрово, додека инвеститорите внимателно ја следат зголемената активност на транспортот низ Ормускиот проток, и покрај инцидентот во кој брод беше погоден од неидентификуван проектил во близина на брегот на Омански Залив. Меѓународните фјучерси за на суровата нафта Брент за август паднаа за околу 2,05%, на 73,70 долари за барел.
Фјучерсите за американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) паднаа за 2,11%, на 70,45 долари за барел.
Геополитички ризици и Ормускиот проток
Инцидентот во близина на Оман ја зголеми загриженоста за безбедноста на еден од најважните светски нафтени коридори – Ормускиот проток. Постојат стравувања дека Иран би можел да добие поголема контрола врз сообраќајот, што предизвика дел од бродовите да се повлечат. И покрај тоа, транспортот на нафта од регионот достигна највисоко ниво од почетокот на конфликтот.
САД и Иран продолжуваат со преговори за можен договор за намалување на тензиите, иако клучните прашања, како нуклеарната програма, остануваат отворени. Во меѓувреме, производителите од Блискиот Исток го зголемуваат производството, и покрај проблемите со обезбедување доволен број танкери за транспорт на сурова нафта.