Цените на имотите во поголемите градови низ светот се во пораст, а општинските власти се во проблеми и дилеми за тоа како да ја задушат растечката криза за станбен простор. Волстрит журнал забележува дека реалните цени на домовите во глобалните градови во просек пораснале за 24 отсто во текот на пет години, додека просечниот приход се зголемил само 8% во истиот временски период. Причините за големиот пораст на цените се различни, вклучувајќи движење назад во градовите од предградијата, како и глобална миграција на богати луѓе.