Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,7, а цените на мало за 1,4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13, а цените на мало од 10,1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8,1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2%, месото за 1,4 %, виното за 1,2 %, кафето, чајот, какаото за 0,5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,4 %, рибата и морските плодови за 0,2 %.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42,4 %, туристичките аранжмани за 8,4 %, парамедицинските услуги за 6,7 %, домашните миленици и сродните производи за 5,4 %, услугите за рекреација и спорт за 3,3 %, обувките за 2,7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,4 %, игрите, играчките и хобијата за 2,2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2,1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2,0 %, другите лични предмети за 1,7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 %, патниот патнички транспорт за 1,1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0,8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0,7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0,4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6,5 %, свежото и разладеното овошје за 3,2 %, млекото за 3,4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,4 % и пивото за 0,3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4,9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3%, гасот за домаќинствата за 2,9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1,3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,2 %, текстилот за домаќинствата за 0,8 %, книгите за 0,7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3 %.