Цените на нафтата и вчера на меѓународните пазари се задржаа под 67 долари.

На пазарите во Лондон цената на барел остана речиси непроменета во однос на претходното затворање или 66,7 долари.

Значајни промени немаше ниту на пазарот во САД, каде барелот Брент се тргуваше за 56,49 американски долари.

ОПЕК под „диригентска палка“ на Саудиска Арабија повикува на намалување на производство на ниво на група за милион до 1,4 милиони барели дневно за да се спречи складирање на огромното количество неискористена нафта. Во тој договор треба да учествуваат и нивните партнери.

ОПЕК соопшти дека цената на барел од референтната кошница на сурова нафта во петокот изнесувала 66 американски долари, што значи дека се зголемила за 72 центи во однос на претходниот ден.