Тесла купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а Брендон Минц, извршен директор на „Биткоин депо“, верува дека ова ќе ги охрабри и другите компании да купуваат биткоини.

Тој дури изјави дека може да замисли дека биткоинот ќе достигне цена од дури 100.000 долари оваа година.

За Минц, Елон Маск само го премести првото домино по ред што ќе го „лансира“ биткоин оваа година и пошироко.

Во понеделникот, Тесла објави информација за набавка на биткоин, прва за компанија со таа големина. Биткоинот порасна за 22 проценти во рок од 24 часа по објавата.

Одлуката на Маск да го „откачи“ кешот и да се сврти кон криптовалутите сигнализира почеток на трендот – големите компании да додаваат криптовалути во своите биланси, рече Минц.

Исто така, извршниот директор на Твитер, Џек Дорси неодамна изјави дека компанијата размислува да инвестира во криптовалути.

„Мислам дека ќе се создаде домино-ефект како што одминува времето и написите во медиумите ќе зборуваат за големи имиња кои инвестираат во биткоин“, изјави Минц за Бизнис инсајдер.

Треба да се напомене дека Минтц има придобивки од прифаќањето на биткоинот и неговиот успех.

„Ќе се гледа како на други безбедни засолништа. Можно е за 10 години, луѓето во јавните организации да „седат“ на готовина, обврзници и – криптовалути”.

Минц продолжува: „Во минатото, видовме трговски инвеститори како ја туркаат побарувачката, а со тоа и цената, но овие големи компании имаат многу поголемо влијание денес, затоа што сега зборуваме за милијарди долари со кои може да се купи биткоин во многу краток временски период“.

Ова е став што го споделија многумина, вклучително и основачот на компанијата за управување со средства „Арк Инвест“, Кети Вуд. Таа оваа недела сподели дека смета дека цената на биткоинот ќе се зголеми за 40.000 долари доколку секоја компанија од S&P 500 инвестира еден процент од својот биланс во дигитални средства и дури 400.000 $ доколку инвестираат 10 проценти.

Со оваа изјава се согласи и Минц. Тој додаде дека очекува биткоинот да се искачи на 100.000 долари до крајот на 2021 година, бидејќи компаниите го купуваат, но и во однос на тоа каде се наоѓа биткоинот во овој циклус, во споредба со претходните.

Го посочи и контрастот помеѓу пазарната капитализација на биткоин, кој вреди 837 милијарди долари и пазарната капитализација на златото, што вреди 12 трилиони долари и рече дека очекува пазарната капитализација на биткоинот да ја достигне „златната“ во следните неколку години.

Тој исто така изјави дека компаниите што купуваат биткоин можат да очекуваат скок на цената на нивните акции, што ќе повлече и други компании.

Сепак, има и такви кои не гледаат наплив на компании кои инвестираат во биткоин. ЏејПи Морган во вторникот објави дека нестабилноста на биткоинот може да спречи некои компании да го купат.