Политички Брисел е шокиран од пресудата на полскиот Уставен суд, со која беше поништен приматот на европското право. Дури се шпекулира дека владата во Варшава тргна по патот на Пoлегзит, односно напуштање на ЕУ.

Од летото ја чекаа одлуката на полскиот Уставен суд во Брисел – и се плашеа од таа одлука. Меѓутоа, пресудата донесена пред пет дена, според која правото на ЕУ за договори не е во согласност со полскиот Устав, предизвика огорченост кај европските институции и практично во сите табори на Европскиот парламент (ЕП).

Одлуката на судот е донесена речиси како почеток на Порегзит, односно пат без враќање кон напуштање на ЕУ, пишува Дојче веле.

Уставниот суд во Варшава објави дека одредени делови од европското право не се во согласност со домашниот Устав. Ова првенствено се однесува на правото на ЕУ да интервенира поради закана за владеењето на правото во нејзините земји -членки, што е случај со Полска. Фактот дека Варшава ги потпиша европските договори не значи дека го предаде својот правен суверенитет во рацете на ЕУ, заклучи судот.

Европската комисија, која е на потег како чувар на европските договори, објави дека пресудата, која досега беше објавена само усно, сугерира проблеми во превласта на европското право, како и овластувањата на Европскиот суд во Луксембург.

Ако приматот на европското право се негира како еден од темелите на ЕУ, тогаш може да се протолкува како активирање на членот 50, кој предвидува можност за напуштање на ЕУ, вели професорот по европско право Рене Репаси кој и додава дека никогаш досега национален суд на земја -членка на ЕУ не направил толку голем чекор кон легално излегување од ЕУ.