Ако сте страствени за криптовалутите, ќе сакате да поседувате злато, коментира извршниот директор на Newcrest Mining

Импресивната апрецијација на крипто-валутите му даде на една од водечките светски производители на злато нова причина да ги повика инвеститорите да купат повеќе од благородниот метал.

„Ако сте страствени за криптовалутите, ќе сакате да поседувате злато“, рече извршниот директор на „Newcrest Mining Ltd.“ Сандип Бисвас на ТВ Блумберг откако минатата недела компанијата со седиште во Мелбурн ги претстави своите квартални резултати. Според него, златото може да ја игра својата позната улога на прибежиште, но овој пат од нестабилноста на крипто-валутите.

Вчера цената на биткоинот за прв пат ја надмина границата од 50 илјади долари. Во вторникот попладне, најстарата и најважна дигитална валута достигна нов рекорд од 50.341 американски долари.

Објавувањето за инвестиција на Тесла во биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари минатата недела даде нов поттик на пазарот за криптовалути, како и на дебатата дали дигиталните пари на крајот ќе го одземат интересот за златото.

Според Бисвас, иако двета средства се доста различни, поседувањето злато ќе им користи на сопствениците на криптовалути бидејќи е постабилно.

„Златото е различна класа на инвестиции“, рече Бисвас. „Тоа е материјално средство: можете да го видите, да го допрете, да го почувствувате, да го моделирате, да го претворите во накит, што сакате“, рече тој.

Во белешката до своите клиенти од декември, групацијата Голдман Сакс рече дека иако биткоинот одзема дел од побарувачката за злато, a позициите на благородниот метал сепак ќе останат.