Според податоците на американската влада покажаа дека суровата нафта во САД минатата недела се зголеми за 2,4 милиони барели.

Производството се зголеми за 23 проценти од средината на 2016 година на 10,37 милиони барели дневно. Поради највисокото производство на нафтени шкрилци, САД сега произведуваат повеќе нафта од Саудиска Арабија, водечки производител во Организацијата на земји за извоз на нафта (ОПЕК). Само Русија во моментов произведува повеќе – скоро 11 милиони барели дневно.

Со ова САД станаа потенцијална земја која би можела да се најде на врвот на оваа листа. Сепак во ваков случај не се знае дали Русија би дозволила да биде симната од првото место.