Потпишани се договори за две нови инвестиции во последните четири месеци. Била најавен и нов договор за инвестиција, компанијата Магна го одложила доаѓањето, но сепак договорот бил потпишан. Таа својата инвестиција ќе ја реализира во ТИРЗ Струга. Ова го истакна директорот на технолошко – индустриските развојни зони Јован Деспотовски во Тема на денот на Сител телевизија и нагласи дека во изминатите пет месеци, колку што тој е директор на ТИРЗ, потпишани договори за три инвестции вкупен износ од 50 милиони евра. 

„Она што е важно е што самиот тек и реализацијата на инвестициите, не зависи од чинот на потпишувањата. Не робувам на сликање, важно ми е работите да се случуваат“, рече тој.

Тој истакна дека периодот на пандемијата е тежок период, поради тоа што се намалени физичките контакти и патувања, а овие процеси, како што рече, бараат непосредни контакти.

Посочи дека во последните три, четири месеци успеале да поттикнат интерес кај петнаесет компании, од тие дел се од оние коишто веќе имаат инвестирано во Македонија, а дел се нови. Овие 15 инвестции, вкупно тежат околу 250 милиони евра.

„Тоа се проекти за којшто во моментов разговараме и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата, а тоа е чекор пред потпишување на договор. Реален оптимист сум и можам да кажам дека годинава ќе биде позитивна“, рече Деспотовски.

Од половината нови инвестиции кои Деспотовски ги најави, тој подвлече дека државата не гледа само колку ќе вложат, туку и колку пари ќе влезат во буџетот, откако ќе завршат поволностите кои компаниите ќе ги добиваат и колку работни места ќе се отворат и она што според него е поважно, колкави плати ќе исплаќаат на вработените.

Рече дека овие компаниите кои ќе инвестираат во Македонија, ќе отворат околу 5,500 работни места.

Тој истакна дека фокусот на еден сектор е ризик, а тоа го покажала пандемијата која негативно се одрази на автомобилската индустрија, па поради тоа политиката на ТИРЗ е да привлекува инвестиции и од другите сектори, потенцирајќи дека половината од инвестициите на две компании ќе бидат од фармацевтската индустрија коишто, како што рече по самата природа на дејноста, носат и поголема додадена вредност, односно повеќе средства за буџетот и поголеми плати за вработените.

„Ако го задржиме треднот, а имаме амбициозна агенда и амбициозен работен план којшто веќе го реализираме, можам слободно да кажам дека доколку во изминатите дваесет години, вкупниот обем на ивестциите во ТИРЗ биле некаде околу 1 милијарда евра, јас верувам дека оваа бројка, ако не и повеќе е достижна и ќе ја достигнеме до крајот на тековниот мандат, како обем на инвестиции“