Дете на осум години лани заработило 1.016.947 денари од закуп. Тој е најмладиот, а најстариот пак, е на возраст од 96 години и лани остварил со доход од 4.570.535 денари, исто така од закупнина.

Според податоците од УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, односно 142 илјади евра месечно. Ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали.

Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари има ресенчанец, а највисок бруто доход од закуп од близу 50 милиони денари скопјанец.

Највисокиот, пак, доход од вршење на самостојна дејност е 73,5 милиони денари и го остварил скопјанец.