Филијалата на американскиот „Џенерал моторс“ (ГМ) во Јужна Кореја планира да укине 5.000 работни места или околу 30 отсто од својата работна сила.

Филијалата на американскиот „Џенерал моторс“ (ГМ) во Јужна Кореја планира да укине 5.000 работни места или околу 30 отсто од својата работна сила.

– Гигантот планира истовремено да го задржи стабилно производството доколку јужнокорејските власти се согласат со предлогот за реструктуирање на работењето од 2,8 милијарди долари, се наведува во документот што ГМ им го достави на властите во Сеул.

ГМ минатиот месец најави дека ќе затвори една фабрика во градот Гунсан, југозападно од Сеул, и дека размислува за судбината на останатите три фабрики во таа земја.

Автомобилскиот гигант од Детроит, кој поседува 77 отсто од акциите на ГМ Кореја, преговара со јужнокорејските власти за предлогот за реструктуирање, бидејќи 17 отсто од акциите во компанијата и припаѓаат на државната банка на Кореја, КДБ.