Диомидис Николетопулос повторно е именуван за Генерален извршен директор и претседател на Управен одбор на Стопанска банка, објави банката до Македонска берза.

„Стопанска банка АД – Скопје ја известува јавноста дека Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде согласност за повторно именување на г-динот Диомидис Николетопулос за Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје со мандат од 4 години“, стои во соопштението.