Во вторникот 30 годишниот извршен директор на берзата за криптовалути, Сем Бакман Фрид, изгуби 16 милијарди долари. Тогаш се случи рекорден падот на неговото богатство за само еден ден. Богатството му  паднало за 94%, поради најавената продажба на неговата берза на криптовалути на конкуренцијата.

Сем објави дека ќе ја продаде неговата FTKS берза на криптовалути на конкуренцијата Binance, која е во сериозна криза со ликвидноста. Но, со продажбата, неговото богатство сериозно се намали.

Ако претходно вредел 16 милијарди долари, со сопствеништвото кое го имаше над FTKS и куќата за трговија на криптовалути, по продажбата му остана ласамо милијарда, пренесоа медиумите. Тоа е пад од 94% за еден ден, а истовремено е и најголем пад на имот на еден милијардер во толку краток период, пренесе „Блумберг“.

Загубата следи по годинашниот разорен крах на криптовалути во вредност од 600 милијарди евра. И основачот на Binance-a, Чангпенг Жао, исто изгуби 79,4 милијарди долари богатство годинава поради Бакман.

Изненадувачките големи загуби од милијарди не се невообичаени меѓу најбогатите. Основачот на „Мета“, Марк Цукенберг на 3 февруари годинава изгуби 29 милијарди евра, но неговиот пад во проценти не е толку висок, затоа што неговиот имот и понатаму се движи околу 85 милијарди евра.

Во ноември 2021 година, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск изгуби десетици милијарди за само два дена, односно 50 милијарди. Падот следеше по загриженоста на генералниот директор за тоа дали да ги продаде 10% акции во неговиот автомобилски бизнис. Сепак во декември ја понесе титулата најбогат на светот.

Слично беше и со основачот на „Амазон“, Џеф Безос во 2019 година, кога го задржа второто место на листата најбогати луѓе и покрај огромната загуба од 36 милијарди евра. Парите ги префрлил на неговата бивша сопруга, затоа што во моментот на разводот била сопственик на четвртина од компанијата.