Од вечерва на полноќ еуросуперот БС-95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства одлучи, регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар еуросупер БС-95 е 66,5 денари, а еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.. Литар еуродизел ќе чини 61,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство по 51,5 денари.. Одлуката на регулаторна е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.