Во 2020-та година, „Deutsche Bank“ оствари профит за прв пат по шест години. Нето-резултатот по одземањето на каматните плаќања на субординираните обврзници е добивка од 113 милиони евра, објави банката. Ова е прва добивка од 2014-та година.

Ова ги надмина очекувањата на аналитичарите. Во 2019-та година најголемата германска финансиска институција претрпе загуба од 5,7 милијарди евра поради трошоците за преструктуирање на групацијата.

Минатата година, како и другите банки, работите тргнаа особено добро во инвестициското банкарството. Од друга страна, коронакризата и ниските каматни стапки оставија свој белег во бизнисот со приватните и корпоративните клиенти. Приходите како целина пораснаа за вкупно четири проценти на 24,03 милијарди евра.

Приходите од тргување со фиксен приход се зголемија за 17% на 1,38 милијарди евра, објави во четвртокот најголемата германска банка, потврдувајќи ги вестите на „Bloomberg“ порано оваа недела. За споредба, петте најголеми банки на „Wall Street“ постигнаа просечно зголемување од околу 10%.

„Сведоци сме на продолжување на позитивниот момент“, рече главниот финансиски директор Џејмс фон Молтке во едно интервју. „Во комерцијалниот бизнис, видовме како овој интензитет се пренесува во првите неколку недели од 2021-ва година, што е охрабрувачки за нас во однос на перспективите“, додаде тој.

Од другите оперативни бизниси на компанијата – корпоративното банкарство, приватните клиенти и управувањето со средства – никој не успеа да ги зголеми приходите во четвртиот квартал. Во декември, извршниот директор ја намали прогнозата за корпоративно банкарство и малку ја намали целта на приходите на групацијата на 24,4 милијарди евра од 24,5 милијарди евра.

Извршниот директор Кристијан Зевинг претстави сигурна перспектива за иднината. Со минатогодишниот резултат, очекувањата на компанијата беа надминати, рече тој. „Ние сме одржливо профитабилни и уверени сме дека целокупниот позитивен тренд во 2021-ва година ќе продолжи и во овие тешки времиња. Банката се гледа себеси во добра позиција да постигне иден поврат на капиталот од осум проценти во 2022-ра година“.

Зевинг предупредуваше пред неколку месеци дека позитивниот тренд во банкарството за инвестиции може да ослабне. Во четвртиот квартал, деловните обврзници и валутите, како и профитабилните совети и емисиите на обврзници и првичните јавни понуди, се претставија особено добро како резултат на турбуленциите што произлегоа од кризата.

Регулаторите и некои аналитичари го критикуваа фактот дека нестабилното работење на пазарот на капитал повторно игра толку важна улога за „Deutsche Bank“. Зевинг всушност сакаше да постигне поголема рамнотежа помеѓу различните поделби со преструктуирањето на групата, кое започна во летото 2019-та година. Реорганизацијата ќе доведе до намалување на 18.000 работни места ширум светот.