Домот од соништата за секого може да стане реалност и секој може да го добие својот идеален дом со лесно достапен и атрактивен станбен кредит. Освен достапноста на кредитот,  најчестите  прашања и дилеми на граѓаните се однесуваат на отплатата – висината на каматната стапка, дали таа е фиксна и за колкав период се однесува фиксната каматна стапка, условите за отплата, обезбедувањето на кредитот како и дополнителните трошоци за негова обработка.

Трендот на зголемување на достапноста на станбените кредити е сè поголем, бидејќи се создаваат станбени кредити со услови кои овозможуваат секој да може да аплицира и да сѝ овозможи свој дом. Токму достапноста на кредитите е дел од стратегијата на Халкбанк АД Скопје за која секогаш на прво место се луѓето и нивните потреби. Важноста на луѓето за Халкбанк се огледа и во последното дополнително намалување на каматните стапки на станбениот кредит. Со новите услови, каматната стапка е фиксна за првите 10 години, со тоа што првите 5 години изнесува 2,9%, а во наредните 5 години е 3,3%, додека   за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4 фиксни процентни поени плус променлива стапка на 6 месечен Еурибор. Овие услови го прават станбениот кредит на Халкбанк најатрактивен и најдостапен за обезбедување на саканиот дом.

Станбениот кредит е без провизија за обработка и без трошоци за проценка. Поволноста на станбениот кредит на Халкбанк се огледа и во ниската стапка на вкупни трошоци (СВТ). Па така, на пример,  за кредит во висина од 50.000 евра и рок на отплата од 30 години, со понудените каматни стапки СВТ изнесува 3,54%. Дополнителна поволност е можноста да се добие грејс период во отплатата до 12 месеци.

Како обезбедување на кредитот се бара задолжителна полиса за осигурување од незгода којашто е во износ од 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот и полиса за животно осигурување со вредност соодветна на тарифата на осигурителот и на неговите индивидуални карактеристики.