До крајот на оваа недела ќе бидат исплатени 30% авансни субвенции за 2023 година. Од страна на Платежната Агенција, веќе се прибираат податоците од кланичните капацитети и млекарници, со цел навремено да се подготви и исплатата на дополнителните 70% од субвецниите за 2023 година. По целосната обработка на овие податоци, до почетокот на месец март, ќе следува исплатата на дополнителните субвецнии, во еден ден со едно решение кон сите сточари, објави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

-Ова значи дека во текот на овие два месеци сточарите во целост ќе ги добијат своите субвенции за 2023 година, а на крајот од 2024 година сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30% за субвенции за оваа тековна 2024 година. Но, освен оваа исплата, она што најмногу ќе им значи се новите мерки каде финансиската поддршка е значително зголемена, изјави министерот Николовски.