КБ пакетите на Комерцијална банка нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии и, секако, по пониски цени од редовните. Зависно од твоите потреби, можности и желби, може да избереш КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус. КБ пакетот го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно, и тоа во симболичен износ.

Ако сакаш да си ја зголемиш финансиската слобода, сѐ почнува со формирање добри финансиски навики или напуштање на застарените. Во светот на финансиите дефинитивно има многу можности кои ќе ти помогнат да ги дотераш личните финансии така како што најмногу ти одговара.

Можеш да започнеш веднаш и може да започнеш, на пример, со избор на пакет банкарски производи и услуги затоа што така ќе добиеш повеќе производи и услуги за помалку пари.

Зошто пакетот банкарски производи и услуги е добар избор кога сакаш твоите финансиски навики да тргнат на подобро?

Затоа што ќе добиеш современо банкарство во еден пакет по пониска цена од редовните што ги плаќаш кога поединечно користиш, на пример, платежна сметка, дебитна или кредитна картичка, електронско и мобилно банкарство… И затоа што ќе добиеш понуда на производи и услуги за да ги задоволиш твоите финансиски потреби и твоите желби и планови согласно твоите можности и твоите цели.

КБ пакетите на Комерцијална банка нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии и, секако, по пониски цени од редовните. Зависно од твоите потреби, можности и желби, може да избереш КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус. КБ пакетот го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно, и тоа во симболичен износ.

КБ Стандард ти ги нуди најважните банкарски услуги за секој ден: платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка. Целиот пакет ќе те чини само 70 денари месечно.

КБ Плус е навистина паметен избор кога сакаш плус поволности. Со него добиваш платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, три бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Комерцијална банка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, бесплатна обнова на дебитната картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати, можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка и три бесплатни проверки во месецот на состојба преку банкомат на Банката. Овој пакет ќе те чини 120 денари месечно.

КБ Бонус ти овозможува остварување на твоите желби со бонус придобивки. Покрај редовните услуги, како што се платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка, со КБ Бонус добиваш уште повеќе – неограничен број на проверка на состојба преку банкомат на Комерцијална банка, пет бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Банката, бесплатна обнова на дебитната картичка и бесплатна промена на ПИН. Сите овие поволности ќе те чинат 190 денари месечно.

Секој КБ пакет може да го активираш со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

За добар старт на добрите финансиски навики корисно е да се имаат овие информации затоа што КБ пакетите навистина ги прават твоите лични финансии одговорни и безгрижни, ги збогатуваат твоите можности и едноставно се вклопуваат во сечиј животен стил.