Треба да се свртиме кон домашното производство на сончоглед и да се обезбеди суровина што за преработувачот ќе биде сигурна, нема да има одлив на девизи, а земјоделците ќе бидат задоволни од заработката. Годинава се очекува откуп на 10.000 тони сончоглед, но капацитетот на „Кристал 1923“ е 40.000 тони

Договорното производство е најдоброто решение за сите чинители во процесот – земјоделците уште пред да сеат или садат, знаат на кого ќе го продадат родот, откупувачите имаат обезбедено сигурна суровина, а државата решен проблем со пласманот на земјоделските производи, порачува Ленче Николовска, која со својата фирма „Агротим“ веќе стана препознатлива во посредувањето меѓу земјоделците, производителите и откупувачите.

Николовска долги години е фокусирана на агросекторот, почнувајќи од новинар што ги следи состојбите, преку пратеник, па советник за земјоделие на поранешниот прeмиер Зоран Заев, за да сега има сопствена компанија, која им нуди разни услуги за земјоделците. Нејзината оценка е дека сега, кога пандемијата и руско-украинскиот конфликт потенцираа колку е значајно домашното производство, ЕУ ќе инвестира милијарди во агросекторот, а и во националните економии ќе се отвораат сè поголеми можности земјоделството да биде ценета и платена професија.

До каде сме со процесот на договорно производство, за кои култури го има најмногу, а каде што е неопходно да се воспостави?

– Станува збор за цел систем и комплексен процес од идеја, договори, средби, преговори, за да дојдеме до заедничко прифатливо решение за двете страни – производители и откупувачи. Во овој процес што го работи „Агротим“, голема улога и поддршка имаме од Министерството за земјоделство, преку зголемување на субвенциите за оние култури што се дел од договорното производство, како и институционалната сигурноста која се нуди во интерес на зголеменото домашно производство на храна. Со една реченица, на сите веќе им стана јасно дека договорното производство е успешен модел што треба да се форсира за повеќе култури. Во моментов преку „Агротим“ го работиме договорното производство на органска пиперка, заедно со швајцарскиот Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, продолживме со договорното на сончоглед, имавме за корнишони, за пченка, а сега се подготвуваме за нов проект – договорно производство на маслодајна репка. Од мое искуство и сознание, постои можност да се организира договорно производство за сите култури што се суровина за преработувачката индустрија, а чекор напред може да биде договорно производство и со трговците и откупувачите.

Продолжението на текстот се наоѓа на следниов линк